An African word meaning
17 Comments
Published by игор
on петок, декември 01, 2006 at 12:50 попл..
I can't configure Debian.
А знаешш што значи игор стаматовски на африкански:
"the guy who doesn't understand the point of Ubuntu."
п.с. немој сеа со причи како ова ти не си го смислил (што и искрено не е нешто што е во твоја одбрана). Чим си го ставил значи дека се сложуваш со него, а тоа е сосем доволно за мене.
Де де па ти... мала шала беше. Игор е добро дете. :-)
Bi strikes back! :D
Во секој случај Стама, закон :))
Знаеш психоаналитички ваквите шали во која категорија влегуваат?
Смешноста на овој вид шеги произлегува од ослободување на енергија од либидото како последица на задоволството кое е предизвикано од омаловажувањето на другиот, при тоа, нормално поставувајќи се себеси на повисоко ниво (главното задоволство).
Во овој тип на шеги влегуваат оние за македонецот, влавот - шкотот, за дебилот, црнецот, педерот, жената итд... ју гет д поинт.
Ваквиот вид на шеги влегуваат во пониските нивоа на одбранбениот механизам на егото хуморот, кој знае да биде доста комплексен и интелигентен кога се занимава со логички клучки, правење на шифтови, и далечни асоцијации.
Да не знаевме сите дека шегава имаше некаква намера и јас ќе си се насмеев на нејзината глупава умисленост, со горчлив вкус во устата од сознанието дека сепак не сте биле баш (сите) за популаризација на линуксот.
А што треба да значи cybertronix? I can't configure Gentoo? LOL
Хехехе, стама гот спенкд. :)
Би, океј е стварно, малце гиковски хумор не е страшно. Еве јас користам и поддржувам Дебиан можеби највеќе од сите тука и шегата беше на место, Дебиан е стварно покомплициран за конфигурација од Убунту (барем за обичниот корисник).
Стама е океј дечко и стварно се труди (за популаризација на линуксот). :)
Ни Стама ни Би не се регистрирани на Linux Counter.
Ај регистрирајте се.
http://counter.li.org/
Инаку Дебиан води таму. :)
и јас исто мислам дека на игор му треба помош. ете јас како пријател, сум постојано под излив на такви манипулативни и политички некоректни ставови.
се надевам дека игор ќе се свести, и ќе сфати дека честите обиди за интервенција од друштвото се за негово добро и ќе побара професионална помош.
игор, уште еден апел до тебе - лечи се!
Би, шегите за влавот, црнецот итн, се вицови кои се користат за продолжување, и некогаш зајакнување, на етничките, или на нив слични, стереотипи кои ги имаме за определени групи.
Меѓутоа, шегата за убунту е повеќезначна. Оттука, мислам дека и ти, помалку, падна во замката на читателот и определени стереотипи ги проектираше на твоето сфаќање на шегата.
Прво, да почнеме од сфаќањето како шега за корисникот. Можеме да спориме дека е навредлива, затоа што генерализира и ги подведува сите убунту корисници во групата на оние кои не знаат да конфигурираат дебијан. Ок. Тоа држи вода. Но одличен хумор паднал во светот на овој начин - Монти Пајтон ти се одличен пример за тоа. Инсистирањето на политичка коректност во најшироки можни размери е добра, но истовремено не прави подосадни како луѓе. Монти Пајтон на пример, веќе никогаш,( или најретко можно), нема да бидат пуштени на БиБиСи токму поради нивниот „неприкладен“ смисол за хумор.
Што се однесува до оние кои не знаат да конфигурираат, покажувањето, или исмевањето не ги гледам како посебен проблем. Некој сигурно ќе се навреди, но констатацијата и изнесувањето на вистината не би требало да бидат проблем. Нели? Тоа што би било некоректно е да се исмеваат карактеристики на луѓето кои тие самите не ги одбрале.
Втората, и мислам поважна варијанта на сфаќање на оваа шега е секако гиковската. Јас ја читам оваа шега како шега на линукс гиковите за претераната (гиковски гледано) соџваканост на дебијан гну/линуксот во својата убунту дистрибуција. Таквиот готов продукт најчесто, од моето искуство со гикови и читање нивни ставови, не е по нивна волја, бидејќи секој гик сака предизвик, а тоа во овој случај е неговата гну/линукс дистрибуција и нејзиното прилагодување.
Значи, како ти ја прочита шегата? Ја прочита дека Игор се исмева на претпоставената инфериорнос на убунту корисниците? Но вицот вика дека Убунту е африкански збор за „неможам да конфигурирам Дебијан“. Значи констатација која определува дека некој нешто неможе, за тебе значи претпоставка дека некој е инфериорен за нешто. Тоа, според мене е погрешен став, а може да биде предмет и на психоанализа. Дури и да е вистина, и секој убунту корисник да не знае да конфигурира дебијан, тоа не е инфериорност.
хм... абе луди сте. :)
Ја па мислев дека Ubuntu значи „Slackware is to hard for me“ :)
Види котле. Според твојов мубет испaѓа дека не ја ставаш целава ситуација во контекст. А сите ептен добро знаеме дека работите добиваат сосем различно значење во различен контекст. Да не те учам сега дека дури и „еби се“ може да значи „не заебавај цар си“, а може да значе „да ти ебам матер“ :)
Муабетов е едноставен. Јас и погоре нагласив дека ова да беше во друго време и можеби на друго место ќе го сфатев како што ете, ти си го сфатил. Но времето на појавување на овој пост е токму 10 дена од моето добивање на жителство на планета линукс и три дена после мојот пост за филозофијата на Ubuntu, каде што исто така се објаснува и значењето на афричкиот збор. Сите тука што следат ситуација знаеја за кого е наменет овој виц на Стаматовски. Искрено, јас не сум навредена воопшто, прво - затоа што немам никакви асопирации да се занимавам со конфигурирање па да ми биде понижување тоа што незнам и некој ме зеза ради тоа. Ако сакав да научам ќе научев до сега, но ете има луѓе кои се определиле за тоа и тоа го прават, исто како некој што се определил да игра шах или да свири на кавал или да фотографира. Но не верувам дека Крамник прави вицови у стилу „Што значи ‘не лути се човече?’ -не знам да играм шах“. Овакви вицови прават само тие што не се најдобри во тоа што го прават па имаат потреба да се направат дека се подобри од другите.
Но да не ја претерувам со коментаров, мене сосем ми е јасна намерата на Игор и стварно не сакав да правам тепачки, но едноставно најмногу ме допре тоа што јас стварно сериозно го сфаќам линукс движењето и идеологијата позади тоа. Сега, кога Ubuntu го успеа она што не го успеа ниту еден друг Линукс пред него (а верувам сите имаа цел да се популаризираат, а не да бидат играчка за елитизирање на мал број гикови кои ќе се фалат меѓусебе што вчера исконфигурирале) ептен саботерски се ваквите заебанции. Јас мислев дека ова е сосем јасно кај нашиве ’линуксаши’ и огромно ми беше разочарувањето дека ете длабоко уствари можеби и не било така. Секогаш победува човековата потреба да се биде посебен и човековото секогаш незадоволено его, отколку чувството за заедништво и потребата да се направат работите да бидат како што треба.
И пак ќе кажам: ја сфатив шегата! Дечко ми има инсталирано до сега Red Hat, Mandrake , Suse, Slackware... и знам колку се покомплицирани, но стварно не сфаќам зошто вие не сфаќате дека Ubuntu е првото нешто што можам да ја натерам и мајка ми да го инсталира, а тоа што може во него да се снајдат сите, нема да ја намали вашата вредност (на хард кор линуксаши) доколку го користите и вие работите на негово подобрување.
И да, за стереотипите: Кажав ли јас нешто различно? Секоја една работа може да се разгледува од различни аспекти. Јас шегата ја погледнав психоаналитички, односно од аспект на причината за нејзиното смислување и кажување, како и зошто таа е смешна. А стереотипизирањето е последица на таквите шеги и нејзино посматрање од социолошки спект.
Уствари не сфаќам зошто толку се обидувате да ја извадите работава, нема ништо да му направам на Игор за ова :), само сакав да ги расчистам работите. Кога нешто не ми се допаѓа го кажувам тоа и толку. Не мислам јас дека Игор не е фин и добар и све тоа, само кажав дека шегава во конкретнава ситуација не беше на место и никој не може да ме убеди дека не е така.
А и на крај краева можеше он сам да си пише дека не било намерно и сл. Ако беше така :)
Би, да прашам - да не згрешам. Ти да не мислиш дека за тебе е наменет овој виц?
Шегава е постара од твојот пост. Сигурно. Првпат јас и Игор се смеевме на Е-општество конференцијата кога Марсел Марс од МАМА.хр ни ја кажа и тоа пред својот сопатник Томислав кој беше Убунту корисник и не се навреди. Добро - тоа е негов избор.
Да не зборувам во името на Игор, ама мислам дека беше прашање на време а не на намера или лов на невини Убунту корисници кога ќе ја објави тој таа шега.
Newbies, вицот го знам минимум 6 месеци :)
"Ubuntu" -- an African word, meaning "Slackware is too hard for me".
"Kanotix" -- a German word, meaning "Slackware is too hard for me".
"Mandriva" -- a French word, meaning "Slackware is too hard for me".
"Fedora" -- an American word, meaning "Slackware is too hard for me".
Cybertronix - a Generic word, meaning "I hate inferior beings"