|igor.stamatovski_

by cybertronix


Според написов Sun Microsystems е на добар пат да го направи најдоброто нешто за Java платформата што воопшто можеше да го направи. Тоа не го исклучил ниту Џонатан Шварц.

Дека требаше да биде слободна немаше дилема, најголем проблем што Java-та како програмски јазик од политички аспект го имаше беше тоа што Ричард Сталман активно застана против неа, а зад него и The Free Software Foundation.

Сега ако навистина Java SE и Java ME биде издадена под GPL v.2 тоа ќе биде добро за сите. Ма не, тоа ќе биде супер за сите оние кои развиваа слободен софтвер со неслободна платформа. Последната пречка ќе биде симната.

Дали навистина Sun Microsystems ќе го направи вистинскиот чекор, токму месецов кога некои компании како Novell/Microsoft и Red Hat/Oracle отворија фронт кој може да донесе некои навистина непријатни нешта.

0 Responses to “Java под GPL ?”

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички