
На 12 август 1981 година, International Bussiness Machines го претстави IBM Personal Computer, 25 години подоцна скоро 1 милијарда персонални компјутери се во употреба. Јас сум имал само една година, кога бил замислен и произведен, денес претставува значителен дел од мојот професионален и приватен живот. Автор на овој производ на IBM беше Don Estridge и неговиот развоен тим. Најновиот модел на Alienware Area51. Самиот факт што јас користам персонален компјутер за да го публикувам овој напис на интернет, зборува доволно какво влијание имал овој производ на сите нас, не знам дали зборот револуција доволно го опишува тоа. Сепак на 25 годишнината од раѓањето на персоналниот компјутер неговата иднина е неизвесна.

Изложбата по повод 25 годишнината ја има во музејот на IBM и на веб местотo на BBC.
Во постот се користени слики од BBC.

0 Responses to “Персоналниот компјутер наполни 25 години”