Сабота како сабота. По малку мрзливо, по малку мамурно од претходната бурна вечер, го земав купчето весници од масичката за кафе и се упатив да видам што се случува денес во мојата татковина видено низ призмата на новинарите. „Утринискиот“ го оставив за на крај, и самиот не знаев какво пријатно изненадување ме чека.
Листајќи така низ написите кои критички се осврнуваат врз владините политики, наидов на редовната колумна на Ивица Боцевски. Веднаш ја прочитав во еден здив, а заклучокот е дека претставува добро академско четиво, навистина здрава и стегната, полна со енергија и луцидност анализа на една од критиките на ЕК за земјата кандидат во која живеам. Си мислам. некако добро ми почна саботата.Иако се прашувам дали некој навистина ќе побара дообјаснување од ЕК?
Од блогосферата гледам дека и Новица му посветил внимание на текстот само не ми текнува на некој не-mainstream медиум кај нас?.
0 Comments
Published by игор
on сабота, ноември 11, 2006 at 5:20 попл..
Листајќи така низ написите кои критички се осврнуваат врз владините политики, наидов на редовната колумна на Ивица Боцевски. Веднаш ја прочитав во еден здив, а заклучокот е дека претставува добро академско четиво, навистина здрава и стегната, полна со енергија и луцидност анализа на една од критиките на ЕК за земјата кандидат во која живеам. Си мислам. некако добро ми почна саботата.Иако се прашувам дали некој навистина ќе побара дообјаснување од ЕК?
Од блогосферата гледам дека и Новица му посветил внимание на текстот само не ми текнува на некој не-mainstream медиум кај нас?.
0 Responses to “Доза саботна свежина и луцидност”