Во саботниот број на утрински весник беше најавено дека портокаловата коалиција што победи на 5-тите , парламентарни избори на 5-ти јули 2006, година најавува формирање на министерство за информатичка технологија во идната влада на Република Македонија.
Бидејќи се работи за област од мое најтесно професионално интересирање, сметам дека министерството подобро ќе биде да носи име Министерство за информациско општество, а не информатичка технологија.
Понатаму се надевам, а и ќе сториме се слободниот софтвер и отворените формати кои се спомнати со една реченица во Стратегијата за развој на информатичко општество, да го привлечат интересот на државната администрација за нивна поширока употреба.
Да почекаме да се состави новата влада, па да можеме да видиме кои ќе бидат нејзините ставови по ова прашање, по прашањето за договорот со Мајкрософт, и за употребата на слободен софтвер во државната управа и чувањето и дистрибуирањето на информации користејќи отворени формати за документи.
Според најавите нешто ќе се промени, останува да видиме и да дејствуваме таа промена да биде на подобро.
2 Comments
Published by игор
on сабота, јули 08, 2006 at 12:17 попл..

Мислиш... лево-централно-десничарска влада... :-)
Ау да бе, Тито-НСДП го заборавив. ;-)