|igor.stamatovski_

by cybertronix


Гледам дека изборите се сериозно запоставени, од потенцијалното гласачко тело, од едноставна причина што сите гледаат фудбал. Затоа директно засегнатите од избориве френетично се зафатиле да им го одвратат вниманието, ќе направат се да ја постигнат својата цел да бидат поважни од светското првенство во фудбал 2006. Устите им се полни со демократија и европска иднина, а секојдневно практикуваат нетолерантност, непочитување кон останатите учеснини во изборите, а најстрашно од се закани, оружје и насилство.

Никако нивните закржлавени умови да ја напуштат балканската крчма. Најстрашно од се, изгледа дека не ги погледнале ниту сопствените спотови и рекламни материјали, колку да се потсетат за што се залагаат. Поприродно им е да се зафатат за стап, отколку за мудро срочена академска дискусија.

Кој и да ги добие изборите на ваков начин, ќе ја загуби европската перпектива на мојата земја. Во моите очи, овие избори се веќе недемократски, не знам како некој може да ги прогласи за поинакви. Недемократски се поради тоа што сите учесници сакаат такви и да бидат.

Инаку, сакам да гласам, навистина сакам, одлучив дека сепак на некои прашања можеби треба да се обидам да им го дадам заслужениот одговор. Затоа решив да направам една иста, за кого нема да гласам, за да знам што ми преостанува:
  • Нема да гласам за насилници
  • Нема да гласам за несериозни
  • Нема да гласам за необјективни
  • Нема да гласам за неработници
  • Нема да гласам за демагози
  • Нема да гласам за тие што нема да ми понудат модерна перспектива
  • Нема да гласам за оние што повеќе се плашат од заканите од „меѓународната“ отколку од волјата и мудроста на сопствените гласачи
Меѓутоа кога го погледнав списоков, изгледите прашањето за 2006-2010, да заслужи одговор, се подеднакви со шансите мојава земја да добие оценка дека организирала и спровела демократски избори, без насилство и изборни нерегуларности.

0 Responses to “Национaлни хазардери”

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички