|igor.stamatovski_

by cybertronix


Предупредување:Тривијалност

Денес присувствував на интересна случка. Во супермаркетот во трговскиот центар Рамстор пред мене на каса се погоди да се построи во редот господинот Илијанчо Гаговски, директор на Мајкрософт Македонија Д.О.О.Е.Л. Ги извади продуктите од својата кошничка за купување и токму кога требаше да ја плати сметката, откако фината и насмеана касиерка му ја кажа сумата за наплата, човекот посегна во својот џеб и на мое изненадување извади... кеш, плати и си замина.

Да, и покрај сите заложби за економија базирана на знаење, електронско ова или електронско она, директорот на Мајкрософт Македнија користи кеш.

Потоа , јас дојдов на ред, ги изброи касиерката и моите производи, јас и ја дадатв мојата дебитна Visa electron, чекав 2-3 минути за ISDN линијата да провери и изврши трансакција, го впишав пинот, почекав уште 1-2 минути, за да ја извади сметката , потоа, иако внесов пин повторно ме убеди дека треба да се потпишам, се потпишав. Кога завршивме редот веќе беше поприлично голем, а и значително нервозен од моето одолговлекување.

Дали кај нас тешко се менуваат навиките или едноставно нема никаква шанса помасовно да се употребуваат електронските картички за плаќање, а не само за вадење кеш од АТМ-ите низ градов?

Ама изгледа дека, кога и првиот човек на Мајкрософт Македонија не ги користи придобивките на економијата базирана на знаење и не ги применува принципите и начинот на тргување во едно е-општество, тогаш изјавите што ги дава на телевизија и по печатени медиуми се само чиста демагогија. Да, очигледно ништо повеќе.

Денес Илијанчно, вака предизборно направи едно е-Не, за информациското општество во Македонија, а само пред два дена во петокот изјави дека нашиот ИКТ сектор веќе орераснаво индустрија, треба да му веруваме?

Јас мислам, е-Не.

0 Responses to “е-Не”

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички