|igor.stamatovski_

by cybertronix


Стандардна ИМ сесија, јас и соговорникот од другата страна на интернет врската. Разменуваме неколку пораки и одеднаш ej chekaj nishto ne razbiram od ova shtо mi pishuvash. Добро ќе преминам на латиница, а за информација каков ИМ клиент користиш. Трилиан, аха добро.
Слeдниот пат разговор со друга пријателка, после правата порка, ???? gledam samo prashalnici nishto ne razbiram. Добро што користиш? Трилиан. Неее.

Хм. Во двата случаја одговор на прашањето , зошто употребуваат Трилијан е можноста за поврзување на сметки од повеќе ИМ мрежи во една. Но има два големи минуса,
  • Трилијан не е слободен софтвер
  • Трилијан не поддржува кирилица
Е па, драги мои пријателки и пријатели, има добри вести за сите вас. Софтвер кој е слободен, поддржува транспорти за jabber, MSN, Yahoo, ICQ/AIM, Google talk, пренос на датотеки, а со малку повеќе труд од ваша страна и аудио разговори преку google talk. Да, се разбира дека постои таков софтвер.
Повелете ,отсега па натаму, користете Psi, вашето швајцарско ноже кога станува збор за ИМ. Psi ИМ клиентот е jabber клиент, кој подеднакво ефикасно работи на слободни GNU/Linux оперативни системи, MS Windows како и Mac OS X.

Тековната верзија е 0.10, има и превод на македонски благодарение на Новица.

Дополнување:
Кај Дамјан, имате нешто повеќе информации на македонски, за Jabber системот.

3 Responses to “Трилион можности, ниедна на кирилица”

  1. # Anonymous Анонимен

    Url-то до новица не ти чини.

    Нешто повеќе информации за Jabber системот тука http://softver.org.mk/damjan/jabber

    и се надевам дека во иднина ќе имаме се повеќе Jabber корисници, барем Google и Apple сериозно стојат позади Jabber протоколот.  

  2. # Blogger игор

    Го поправив url-то, до Новица, и го додадов твојот url за останаите детали околку jabber im протоколот.  

  3. # Blogger GoodBytes

    Чек малце... Трилиан поддржува кирилица, јас сум пишувал, нешто друго да не е во прашање? Можеби со кодните страни (UTF-8 vs CP-1251)?  

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички