Алелуја!
Читајте, квази уметници, мрзливци и останато!
Престанете да се закачувате на државна цицка, и да ја цицате до пресушување. Престанете по семејна линија да го правите она што го правеле, вашите таткови, мајки, вујковци и вујни.
Фуј, шљаму!
Растрчајте се малку во овие нови времиња и снаоѓајте се!Доста ги трошите моите, чесно заработени пари! Подржувам сопирање на секаков начин на финансирање на вакви и слични културни настани под превезот на националната програма за култура. Овде нема ништо национално, овие се една група на луѓе кои паразитираат на државна цицка!Хеј, полесно можеш да отидеш на турбо фолк(скраја да е), да купиш дрога или да се алкохолизираш во маало. Оваа „култура“ и е недостапна на пошироката јавност, затоа треба веднаш да се престане со нејзино финансирање од државниот буџет! Најдете си пари, правете си култура. Јас моите културни потреби од вас и така не можам да ги задоволам.
Моите 18% од ДДВ, 15% персонален данок, 1,6% придонес за вработување не сакам да им ги давам на овие лигуши за потоа да не можам да го проследам она што сум го платил.
Даночен обврзник Игор.
П.С. Коља барем зима пари од странство, ама кај него никогаш вратите не биле затворени!
0 Responses to “Околу и пред „Скомрахи“”