|igor.stamatovski_

by cybertronix



Таск-форсот на 28.02.2005 го усвои следниов документ кој заедно со стратегијата и акциониот план ќе бидат основа за развојот на информатичкото општество во Република Македонија.

ВИЗИЈА И МИСИЈА
Визија: Придвижување на Република Македонија кон економија базирана на знаење преку одржлив развој на информатичкото општество.

Се е тоа фино само да ја погодевте годината , драги наши 2005 е (дот ком бумот ) се случи 2000. Значи доцните барем 5 години, да видиме подолу какви ќе бидат реперкусиите од ова. ( Зошто придвижување, уште колку годнини ќе ни треба или сметате дека ќе ви бидат потребни да не „придвижите“???) . Моја верзија :
Мисија: Република Македонија, економија базирана на знаење преку одржлив развој на информатичкото општество.

Мисија: Создавање соодветна средина за информатичко општество.
Млако, излитено и ставено на центрифуга. Мене би ми било срам од ова. Од погорната визија следи оваа апатична и безидејна мисија. Рокови?
1 ВОВЕД
Информатичкото општество е плод од промените во користењето на новите информатички и комуникациски технологии. Глобалните комуникации, електронската комерција и Интернетот се придобивки на развиениот свет, обезбедувајќи повеќе благодети, развој и демократија. Светот во новиот милениум го карактеризира процесот на глобализација којашто претставува резултат на технолошкиот развој и политиката на либерализација. Во тој свет, информацијата претставува клучен ресурс, а знаењето и способноста за учење и усовршување, клуч за конкурентни предности.

Фино срочено. Онака академски. Ми се допаѓа! Добра проза.

Република Македонија преку Националната политика за информатичко општество (НПИО) се вклучува во глобалните развојни процеси.

Ок. Само уште не ми е јасно НПИО или НСИО? Овде е НПИО во други документи е НСИО? Политика или стратегија? Или Policy го преvедувате како статегија па сеа некој се збунил.

Процесот на развивање на НПИО се базира на реалноста и потребите на локалната средина, на реални проценки на способностите, ресурсите и потенцијалите на сите субјекти во изградбата на информатичкото општество.
НПИО е документ кој треба да се интегрира со другите развојни стратегии во државата, поддржан од сите политички субјекти со консензус, со цел да овозможи имплементирање на сите зацртани програми, проекти и иницијативи за придвижување кон информатичкото општество. Исто така, овој документ ќе придонесе за поврзување на активностите од областа на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) во Македонија со програмите, проектите и структурните фондови од ЕУ.

Повторно доцниме ЕУ има вакви програми од 2000 година, за членките на ЕУ, за кандидатите кои 2004 година станаа членки и за ЈИ Европа, одн. E Europe, e – europe +, i e-seeEurope . Ние ако не се лажам треба да учествуваме во последново, но дали го правиме тоа или не и авторите на овој доикумент очигледно не се запознаени со тоа. Значи џабе пишување ако веќе не сме се активирале кога ни била понудена шанса. Тажно.

Овој документ овозможува ефикасна имплементација и користење на ИКТ кај сите субјекти во Република Македонија, со што ќе се стимулира конкурентноста на Македонската економија, транспарентсноста и ефикасноста во работењето на Владата и учеството на граѓаните во градењето на општеството.
Изградбата и развојот на информатичкото општество се дефинирани и потенцирани во неколку документи прифатени од Република Македонија: Aкциониот план на Европската комисија eEurope 2005, Завршната декларација на Светскиот самит за информатичко општество (WSIS) Женева 2003, Aкциониот план на Комисијата за информатичка технологија 2003-2007, Договорот за стратешко партнерство со компанијата Microsoft и Владата и усвоената декларација од Собранието на Република Македонија ”е-Декларација 2002, Препораки за забрзан развој на информатичко општество и дигитална економија во Република Македонија како национален приоритет”, како и други договори и конвенции ратификувани од страна на Република Македонија.

Што од погорниве иако сме ги ратификувле сме исполниле како дршава, општество, граѓани? Мојот заклучок, ништо.
Договорот за стратешко партнерство со Мајкрософт не се почитува и ниту НПИО/НСИО, ниту пак некој суд ќе може да го натера на тоа, нема преведни програми нема попристапни компјутери на македноски јазик, ако сте одбрале да го користите оперативниот систем виндоуз, или пак со овој договор ви станал задолжителен. Ова можеби е добро, меѓутоа мајкрософт ги присилува сите да купуваат софтвер кој неможат да го користат на мајчинот јазик, се со помош на владата .
Од е -декларацијата повторно нема ништо, нема анализа колку е исполнето, а донесена е сега веќе далечната 2002 година. Зарем 3 години поминале од тогаш и ние повторно пишуваме нова стратегија без да се исполни старата, или без анализа и ефектиа од неа. Која е поентата? Кој сака толку силно да удираме со глава во ѕид додека не ни се распукне. Бидејќи е очигледно дека некако не не боли чукањето.

2 ЦЕЛИ
За остварување на визијата и мисијата се планира постигнување на следните цели до 2007:

ДОЦНA!

• целосно либерализиран пазар на електронско-комуникациски услуги (2005);

Нема шанси без закон за електронски комуникации, кој е повторно повлечен од собраниска процедура, се разбира со посредство на 42 милиони евра дивиденда. Баш би сакал да видам како ќе се постигне ова во нашава крајно стерилна и апатична ИКТ заедница.

• значително зголемен број на интернет корисници;

Без погорново нема шанси, се кладам у 12 он.нет бумеранг картици, барем така поевтино ќе сурфам на интернет се разбира на неверојатни 56к! ( јас сум барем среќник, остатоток од моите пријатели сурфаат на 33.6К и на значителни 19.2К се со посредство на Т – МТ ( јас прв да го употребам ова име да се навикнуваме) и нивната state of the art PCM технологија ( станува збор за карпош и хром и многу други)

• воспоставени електронски сервиси за јавни услуги;

Dream on, dream on. (саркастично. заб. на авторот.)

• имплементирани приоритети за одржливост на стратегијата и акционите планови за Информатичко општество.

А како, како?

3 ОСНОВНИ НАСОКИ
3.1 ИНФРАСТРУКТУРА
Обезбедена современа, лесно достапна и прифатлива ИКТ инфраструктура достапна за користење под еднакви и недискриминаторски услови преку:
• прифатливи цени за користење на интернет и останати електронски комуникациски услуги;

• континуирана и одржлива поддршка на ИКТ инфраструктурата;
• воведен протокол за електронски комуникации меѓу деловните субјекти, граѓаните, јавната администрација и невладиниот сектор.

Каков протокол? Микрософт базиран? Зошто нема ОТВОРЕН протокол? ОТВОРЕН, ви текнуе? Иуште еднаш ќе напишам ОТВОРЕН или базрина на ОТВОРЕНИ стандарди, за тие кои го пишувале договорот со мајкрософт и користат виндоуз на англиски ќе напишам и OPEN PROTOCOLS!

3.2 Е-БИЗНИС
Воведувањето на е-Бизнис треба да го подобри економскиот развој со обезбедување на
подобра економска ефикасност, конкурентност и профитабилност преку:
• значително ре-организирани и подобрени бизнис процеси со соодветни модели за имплементација на е-бизнис во компаниите и
• електронска поврзаност меѓу деловните субјекти, граѓаните, јавната администрација и невладиниот сектор.

Овде не се мешам секоја компанија си ги знае своите мани и предности, но со ваков телекомункациски пазар, немаат шанса за е-бизнис, на нашите фирми телофон им е скапо да користат а камо ли интернет. Ало?

3.3 Е-ВЛАДА
Ефикасно и транспарентно работење на Владата отворено за учество на граѓаните, кое ќе обезбеди подобри електронски услуги за граѓаните и бизнис заедницата, преку:
• овозможени услови за учество на граѓаните во информатичко општество;
• обезбедено ниво на on-line трансакции во давањето на електронски услуги кои ги нуди Владата;
• политичка, институционална и регулаторна рамка;
• континуиран развој на национална ИКТ мрежа на државни институции во функција на ефикасна и безбедна размена на службени информации и податоци;
• обезбедување нови, подобри и поефтини сервиси кои стимулираат економски и социјален просперитет.

Овде мајкрософт ќе ја поколопи целата работа и тогаш тек ќе видиме ТАПА!!!

3.4 Е-ОБРАЗОВАНИЕ
Развој на современ и прилагодлив образовен и истражувачки систем и поттикнување на ориентираноста кон ИКТ во образованието, науката и културата :
• значително зголемено ниво на ИКТ писменост на граѓаните; ( е па еве , зошто е-граѓани има посебно?)
• воведување и усогласување на стандарди за е-Образование;
• структурален и содржински развој и зголемена присутност на ИКТ образованието на сите нивоа;
• потикнување на современи и флексибилни форми на образование со помош на ИКТ: континуирано учење, учење на далечина, преквалификација итн.;
• континуиран развој на националната академска истражувачка мрежа како носител на современо и ефикасно делување на субјектите во образованието на национално и глобално ниво.

Овде може најмногу да се направи, и овој дел треба да завзема најголем простор
е-бизинис 5%, е-влада 5%, е-образование 70%, е-здравство 5%, е-култура 15%( е-граѓани е тапа да им пошто има е-образование и е-култура? Не се граѓаните идиоти па да не знаат што да прават )
Скинете ги даноците од 18% на 5% или на 0% за комјутери и софтвер, скинете данок за интернет услуги, намалето ја цената за пристап на интернет, воедно воведувајчи евтин broadband (субвенции, кога мож е за струја може и за интернет и ќе видите што ќе се случи) нема интернет револуција да има ни по 2007 ако не се направаат овие две работи, останатото е само лет во место.

3.5 Е-ЗДРАВСТВО
Воспоставување и унапредување на врските помеѓу субјектите во здравствениот сектор и создавање на флексибилна околина за постoјано унапредување на сервисите преку воспоставување на:
• единствен систем за шифрирање и идентификација по електронски пат;
• усогласени технолошки платформи и размена на податоци според дефинирани протоколи;
• електронски сервиси за граѓаните и создавање на предуслови за телемедицина.

Ова е ок, ама наместо лични карти и возачки дозволи и здраствени книшки, треба да с е донесе универзален документ. Чип картичка која ќе ги содржи сите овие документи во едно, со различни нивоа на пристап, за службени лица, лекари и сообраќајци, ама доста ви давам идеи па вие ништо не сте смислиле. Тендерот за лични документи си тече вие ќе ја чекате 2007, ако чекајте. За ваша информација 2000-та инаку помина пред 5 години.

3.6 Е-ГРАЃАНИ

За граѓаните на Република Македонија да бидат чинители на информатичкото општество потребно е: • градење на кохерентни политики за сите сектори да нудат е-услуги коишто ќе бидат унифицирани, стандардизирани, едноставни за користење, независни од софтверска платформа, достапни за сите граѓани без оглед на нивната локација и социјален статус, имајќи ги во вид потребите на граѓаните; • континуирано создавање на поволна околина и пракса на добро раководење за да може со помош на ИКТ-алатките граѓаните да партиципираат во целокупните општествени процеси како и во процесот на донесување на одлуките на локално и национално ниво.

Ова не треба мене ми се поколпува со Е-образование кое треба да се подели со на Е-бразование и Е-култура.

3.7 ЛЕГИСЛАТИВА
Донесување на легислатива којашто ќе биде во согласност со меѓународните конвенции и договори кон кои Република Македонија има пристапено или ратификувано и легислатива која ќе биде во целост хармонизирана со директивите на ЕУ за информатичко општество и за економија базирана на знаење.
Особено, легислативата ќе обезбеди:
• демонополизирање на пазарот на електронско-комуникациските услуги и спречување на ограничување на конкуренцијата;
• заштита на правата на интелектуалната сопственост, базите на податоци, безбедноста на информациите и приватноста на податоците;
• заштита од компјутерски криминал;
• електронско деловно работење.

Ова е ок, ама кој ќе ја донесе легислативата коа еден закон за електронски комуникации неможете 1 година да го донесете.

4 ПРИОРИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ
4.1 ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА ЗА РАЗВОЈ НА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО
За самоодржлив развој потребна е рамка, составена од два дела – законски и институционален. Поради тоа, неопходни се две основни компоненти:
• легислатива за информатичко општество во Република Македонија – како стимулација за самоодржлив процес за развој на информатичкото општество и како рамка која ќе ги содржи основните стандарди врз кои ќе се базира изградбата на информатичко општество во Македонија;
• формирање на институција за развој на ИКТ со цел пратење на развојот и имплементацијата на ИКТ и НПИО.

Има институција КИТ, што ќе вие нова, ширете ја, теснете ја, ама таа ви е. Зошто мора нова да правите, пак ли со бирократија ќе се занимаваме, акција е потребна за нашава ИКТ заедница, само толку!

4.2 КАМПАЊА ЗА ГРАДЕЊЕ НА СВЕСТ ЗА ПОТРЕБАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ИНФОРМАТИЧКОТО ОПШТЕСТВО
Оваа компонента укажува на реализација на широкоопфатна кампања со цел запознавање на јавноста за придобивките од информатичкото општество во Република Македонија во целост.

Свест фала богу имаме, ама доста од кампањи и лепење плакати (за хартија се сечат дрвја ако не сте знаеле) само пари на глупости да трошите, па што не потценувате нас граѓаните на оваа држава. Па сурфаме и ние на 56к, некој фала богу и на адсл, а и кабелскиот го има на секои два дена.

4.3 ОДРЖЛИВО И СООДВЕТНО БУЏЕТИРАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ
Буџетирањето и финансирањето треба да е обезбедено преку сигурни и постојани извори на финансирање. Овие фондови треба да се обезбедат на различни начини од: Владата, приватниот сектор и меѓународните донаторски институции.

Ајмо наши ИКТ-овци растрчајте се малку па барајте пари.

4.4 МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА
Развој на процес за постојан мониторинг и евалуација на постигнатите резултати во развојот на Информатичкото општество со нагласено задолжително користење на повратни информации (индикатори) за креирање на идните политики, стратегии и планови во Република Македонија.

Бла!
Па мојава евалуација некако слабо ја поминавте, ама не се обесхрабрувајте ако ме демантирате по сите основи јас ќе бидам најсреќниот ИКТ-овец оваа година.


0 Responses to “НСИО/НПИО Криза”

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички