|igor.stamatovski_

by cybertronix


Решив да направам експеримент и да ја послушам Bi, околу апелот.
Го исклучив компјутерот, телевизорот, сиситемот сите светилки и отидов да се прошетам низ дома, едно 5 мин. По 2 мин. ми стана здодевно, ама решив дека ќе издржам до крај. Издржав 10 мин.

Потоа повторно го вклучив компјутерот, системот, сијалицата, полначот за батерии за фото-апаратот, и го вклучив мобилниот пошто му се истрошила батеријата.

Заклучив дека не помага концептот на воздржување, мислам не помага и во други работи а камо ли кај електричната енергија.

Наместо концептот на воздржување треба да имплементираме технолошко-технички напредни решенија за производство и дистрибуција на електрична енергија. Еколошки домови и автомобили, треба научните достигнувања да ги имплемнетираме во индустријата и масовното производство, само тогаш можеме да постигнеме нешто. Со воздржување само ќе ја оддолжиме агонијата која и онака е неизбежна. Ќе ги истрошиме ресурсите кои сме ги имале на располагње да преминеме од една во друга индустриска епоха, нема да ги искористиме за напредок, туку за богатење, и ќе изумреме како диносаурусите. Поедноставно неможе да биде, нели? Освен ако се потрудиме да биде поинаку :)

0 Responses to “Поминаа 5-те минути”

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички