|igor.stamatovski_

by cybertronix


Откако почна да се расплетува клопчeто околу аферата со накршената погача и паричката кај опозицијата, не стивнуваат реакциите што доаѓаат од медиумите, политичките групации, партиите и олигарсите.

Потпаролот на најголемата владеачката партија иако е заминат на Куба, сепак успеа помеѓу две пури да го лиферуваа следново соопштение: Дека во случајот со мес(т)ењето на погачата не се работело за ву(ј)на, туку таа излегла директно од шпоретот во кујната на министерот за Америка, но неа ја измесила домашната помошничка што била во нивното семејство со години, инаку по потекло од Порторико, според тоа не станува збор за непотизам. За жал таа не била во можност да коментира бидејќи на го познава македонскиот јазик. Затоа тој ги отфрла сите заклучоци на Антикорупциската комисија како неосновани и додава дека нивните мандати се скоро истечени и конкурсите за нови членови се веќе распишани.

Од кабинетот на Претседателот известуваат дека тој е на службен пат во Ирак за да ги посети нашите сили во рамките на коалицијата, и дека ќе ги советува Ирачаните како да отворат синџир супермаркети Рамстор. Додава дека заради тоа не бил во можност да присувствува на накршувањето, а и онака и ветил на својата сопруга дека ќе ја проба конечно нејзината погача. Додаваат дека сепак ова е прв и последен пат да се случи ваков преседан тој да излезе надвор од земјава и дека отсега за да не го изостават повторно ќе си седи дома.

По заедничката прес конференциија на Царината и МВР, военото разузнавање во рамките на МО заедно со министерот за одбрана излегоа со демант и изјавија дека камионот со брашното не бил фатен на границата со Бугарија, туку на улицата Колекторска и дека брашното што било влезено во земјава, било истото брашно што ние им го пративме на бугарите далечната 1996 кога во нивната земја владееше суша и глад.

Од бугарското министерство за европски интеграции кое треба да биде распуштено на 1 февруари 2007, изјавија дека мораат да раскрстат со несреќните настани од минатото и затоа ни го враќаат брашното што ги потсеќало на гладот и сушата, бидејќи сега тие нешта се зад нив и ги чека светла иднина во рамките на ЕУ и жалат што еден ваков хуман гест од нивна страна повторно е тема на афери и негативен публицитет кај нас. Потсетија дека сепак тие се единствените што издаваат визи за ЕУ без паричен надоместок.

Од опозицијата дополнија дека за Василиса нивиниот лидер(ка), лично и рачно ќе месе погача, но овој пат со српско брашно тип 500 бидејќи на сакаат да се мешаат во европската погача од Бугарија и се среќни во балканската крчма.

Претседателод на ДИК повторно изјави дека не бил поканет. Од кампот за лустрација изјавија дека најверојтно некои од мес(т)ачите на целава афера се остатоци од старите комунистички/разузнавачки структури и дека затоа што побргу треба да се побрза со носењето за законот за лустрација.

Групата на монаси кои ја соблекоа мантијата и стана цивили останаа без коментар на сите овие настани.

Навистина се роди, а?

1 Responses to “Погачата, ву(ј)ната, паричката,котлето..”

  1. # Anonymous Анонимен

    Hi Igor can translate this I can't read it... :-)

    Thanks,

    Erwin  

Објави коментар

Корисни веб места

Канали

Канали

Сликички