Има една реплика од мојот изгледа омилен филм во кој Мајкл Даглас во улога на американскиот председател ќе изјави
Гудбајтс го поставува прашањето мора ли Microsoft Office по повод двата листа огласи од на Владата на РМ за спроведување на програмата „Македонија - земја на информатичари“, а Новица ни ја презентира понудата како нејасна и недоречена, а плус има и печатни грешки, значи може да додадам дека е и избрзана.
Во ноември месец одржавме конференција за е-Општество.Мк 2006, беа донесени заклучоци во кои се вели дека е потребна политичка волја за спроведување на точките за кои и јас лично се залагав отворени стандарди и слободен софтвер. Оттука се поставува прашањето, дали луѓето присутни на конференцијата немале извршна моќ ( министерот за транспорт и врски си замина веднаш по воведната сесија, министерот Самак не се појави, а министерот за информатичко општество не беше избран), или пак заклучоците од конференцијата не биле доставени до истите оние институции кои се повикани да покажат поголема политичка волја и разбирање за овие многу важни теми за коишто ние дискутиравме два дена. Патем обидувјќи с да и објасниме на јавноста и ним колку всушност се битни за постигнување на очигледно истата цел која и ние и тие сме ја зацртале, а тоа е Македонија како информациско општество во која пред се економијата е базирана на знаење. Некаде не сме успеале да се разбереме. Нејсе.
Тука не смее да се заборави и пропустот на Слободен софтвер македонија во која изгледа членовите и јас малку се заморивме од зборување и објаснување на своите ставови, и убедување во врска со слободниот софтвер и отворените стандарди, можеби и оправдано кога нема повратна врска. Неодминилив и исклучитено важен е моментот на постоење македонска заедница на корисници и придонесувачи на слободен софтвер, но исто така е важен и моментот да им се објасни, покаже и на останатиот дел од јавноста што всушност ние тоа правиме, а уште поважно зошто го правиме.
Значи ние ( Слободен софтвер македонија) сеуште објаснуваме, Што? Како? Зошто? слободен софтвер.
И Слободен софтвер Македонија и Метаморфозис, не успеаа навреме да ги изнесат ставовите дека постои концептуална, етичка и пред се економска разлика во врска со употребата на слободниот софтверски пакет (Open Office.org 2.0) и отворени стандарди како форматот Open document (ISO 26300:2006), што оваа апликација го користи за запишување на текстот, табеларни пресметки, презентации и база на податоци, и тоа е факт. Но повторуваам сепак ништо не ѐ загубено, повторно треба да објаснуваме, и тоа ќе го направиме.
Од понеделник почнуваме со пеколно темпо, треба да се посочи разликата и придобивките со сите средства кои ни се на располагање да објасниме зошто треба да има обуки и за Open Office.org 2.0, кој ги снима документите во формати на документи според отворени стандарди и зошто треба да има поширока употреба на слободен софтвер.
0 Comments
Published by игор
on сабота, јануари 13, 2007 at 5:20 попл..
People don't drink the sand because they're thirsty. They drink the sand because they don't know the difference.

Етикети: е-влада, информациско општество, обуки, слободен софтвер
0 Responses to “Знај да направиш разлика”