Оваа доктрина нема свое место во модерниот свет. Воздушниот простор е јавен, како што тоа го одреди Конгресот. Ако тоа не беше токму така, секој оператор на воздушни летови ќе беше подложен на безбројни тужби за прекршоци. Здравиот разум е револтиран од оваа идеја.“
Цитат од „Слободна култура“ на Лоренс Лесиг.
Делува познато? Насетувате некоја сличност од денешниов модерен дигитален свет со овој пасус, кој се однесува на некои селани кои сакале да забранат прелети на авионите над нивните дворови, бидејќи наводно им умирале кокошките на почетокот на дваесеттиот век?
Чии „кокошки“ умираат денес?
Да не беше прексрасниот сервис за споделување на видеа JUBIto, никогаш немаше да го видам овој ултра кул и дозначително модерен видео спот на The Knife, за нумерата Silen Shout.
И уште еден, исто така одличен за феноменалната We share our mothers health.
За инат на сите оние што сакаат да го заразат со DRM и да забранат да се споделуваат аудио визуелни авторски дела.
Инаку албумот го симнав од www.torrentz.com, користејќи го Azureos бит-торент клиентот, и можам да кажам дека е феноменален. А уште една забелешка, тукушто ги додадов на мојата листа на бендови што сакам да ги посетам на концерт, заедно со Fisherspooner, Miss Kittin, The Hacker, Royksoop, Anthony Rother. Huh, долга станала листава одама на сум бил на добар концерт.
Етикети: слободна култура, DRM, the-knife, youtube

читаш free culture а буљо? :)
Да буљо, па ти кажав, дека ја читам -).
JUBIto е прекрасен како нов медиум, ама не смее да не погледнеме понатаму...
Adobe најавува DRM во Flash-от:
http://www.theinquirer.net/default.aspx?article=38973
Јубиту, работи исклучиво на Flash... и со тоа содржината е заробена во формат кој неможе да се употребува понатаму.