0 Comments
Published by игор
on среда, мај 02, 2007 at 1:44 попл..
Q: What do you get if you open source World of Warcaft?
A: More ganking.
Етикети: виц, игри, слободен софтвер, wow
Оваа доктрина нема свое место во модерниот свет. Воздушниот простор е јавен, како што тоа го одреди Конгресот. Ако тоа не беше токму така, секој оператор на воздушни летови ќе беше подложен на безбројни тужби за прекршоци. Здравиот разум е револтиран од оваа идеја.“
Цитат од „Слободна култура“ на Лоренс Лесиг.
Делува познато? Насетувате некоја сличност од денешниов модерен дигитален свет со овој пасус, кој се однесува на некои селани кои сакале да забранат прелети на авионите над нивните дворови, бидејќи наводно им умирале кокошките на почетокот на дваесеттиот век?
Чии „кокошки“ умираат денес?
Да не беше прексрасниот сервис за споделување на видеа JUBIto, никогаш немаше да го видам овој ултра кул и дозначително модерен видео спот на The Knife, за нумерата Silen Shout.
И уште еден, исто така одличен за феноменалната We share our mothers health.
За инат на сите оние што сакаат да го заразат со DRM и да забранат да се споделуваат аудио визуелни авторски дела.
Инаку албумот го симнав од www.torrentz.com, користејќи го Azureos бит-торент клиентот, и можам да кажам дека е феноменален. А уште една забелешка, тукушто ги додадов на мојата листа на бендови што сакам да ги посетам на концерт, заедно со Fisherspooner, Miss Kittin, The Hacker, Royksoop, Anthony Rother. Huh, долга станала листава одама на сум бил на добар концерт.
Етикети: слободна култура, DRM, the-knife, youtube
Еве серија на линков кои даваат една поинкава перспектива на тоа што точно значи пасош со бесконтактен чип.
Пасошот се базира на Radio Frequency Identification технологија, и во продолжение следат линковите и еден видео од you tube.
1 Comments
Published by игор
on вторник, април 03, 2007 at 10:44 попл..
Пасошот се базира на Radio Frequency Identification технологија, и во продолжение следат линковите и еден видео од you tube.
- RFID Passports
- RFID Passport Security Revisited
- Feds Rethinking RFID Passport
- Fatal Flaw Weakens RFID Passports
- e-Passports: Ready or not here they come
- ePassports 'at risk' from cloning
Етикети: е-влада, патни исправи, rfid
Владиниот сервис за услуги е побавен, од Министерството за внатрешни работи и од новинската агенција Макфакс.
Новите пасоши веќе започнаа да се издаваат, а владиниот сервис е неажуриран, бавен и дава неточни информации за потребните документи за вадење пасош.
Предупредување: Внимавајте кога го користите, и воопшто немојте да го користите. Ако владата сака да направи нешто на тоа поле ќе треба да го подобри сервисот, да го надгради или да го исклучи од употреба.
Ваков каков што е со застарени информации, не му помага никому. Дури некому може да му направи проблем.
Еве ги точните информации:
Цената на образецот за новите патни исправи ќе изнесува 1.500 денари, за дете до 4 години административната такса на уплатницата ќе изнесува 50 денари, за лица до 27 години 250 денари, а за лица над 27 години 500 денари.
0 Comments
Published by игор
on понеделник, април 02, 2007 at 11:22 претпл..

Етикети: е-влада, неажурност, патни исправи
Не ја следам македонската блогосфера нешто подолго од еден месец, отакако се случи позначајна преселба од на жители од блогерај. Не се агрегирани никаде посебно, а јас сум немал време да ги приберам во еден канал и да ги ставам во читачот на канали на Гугл. А, и се чувствува некој замор кај сите нив, барем мене ми изгледа така. Нејсе.
Госпоѓица Би ми го прати следново линкче, каде што некое фраерче (мислам дека е машко, ако е женско нека не ми замерува, иако се сомневам дека е) закачило слика од екранот од Mozilla Firefox на македонски со печатна грешка и наслов на постот „До кога бе вака“.
Е па, бидејќи се работи за проект базиран на слободен софтвер и софтвер со отворен код, одговорот е се додека секој човек не си ја земе судбината во свои раце. Само до тогаш.
Значи грешката се пријавува на http://bugs.softver.org.mk, кога ќе дојде следна верзија на Mozilla Firefox најверојатно 2.0.0.4 грешката ќе биде поправена. Локализацијата на македонската верзија Mozilla Firefox се базира исклучиво на волонтерска основа од страна на членовите на Слободен софтвер Македонија. Ако сакаш да помогнеш линкот погоре и барај, пријавувај грешки и тестирај. Најмалку што можеш да помогнеш е да закачуваш слики од екранот, наместо да прашуваш прашања што не заслужуваат одговор. Рајт? Лефт! Е толку. Едноставно? Лесно? Прашајте ги Новица, Дамјан...
Е сега, поправете грешка во преводот на Internet Explorer... Тоа е вистинскиот предизвик, зарем не.
Дополнување: На irc каналот #lugola, македонскиот тим задолжен за Мозила, веднаш ги провери преводите и заклучи дека грешката е одамна исправена. Серверите не Google сеуште не се ажурирани.
Инаку благодарение на Иван Стоев од Гевгелија, које е на студии во САД, преведенa е уште една софтверска алатка од семејството на Мозила, тоа е календарот Mozilla Sunbird сите оние што сакате да тестирате, пријавувате грешки и придонесувате повелете овде има тазе апликации за тестирање. А овде е нивниот статус. Немојте да хејтате без потреба.
0 Comments
Published by игор
on среда, март 28, 2007 at 11:34 попл..

Етикети: заедница, мозила, помош, слободен софтвер
Формиран новиот состав на комисија за информатичка технологија, известувањето за објавата во службен весник можете да ја прочитате кај Метаморфозис.
Мирослав Јовановиќ е новиот претседател на Комисијата за информатичка технологија. Еве неколку детали за него.
Честитки до Миро за наименувањето и успех во работата на КИТ. Не се сомневам дека слободниот софтвер ќе биде подеднакво застапен во сите сфери на јавната администрација, а мојот личен став е и дека треба да има преференцијален третман. Заедницата и Слободен софтвер Македонија се тука и се подготвени да помогнат.
Во секој случај сите нас не очекува мнгоу работа, бидејќи скоро година дена ништо немаше од
Комисијата за информатичка технологија. Ние имаме иницијативи со КИТ очекуваме успешна соработка.
П.С. Знаете дека вечер во Tочка имаме Сподели кино #2 со извонредниот The Codebreakers. Точка се наоѓа карши Соборната црква.
0 Comments
Published by игор
on понеделник, март 26, 2007 at 11:52 попл..

Етикети: добри вести, икт, кит, службен весник
Во 2007 година патување со воз, од Скопје, Република Македонија до Сараево, Босна и Херцеговина трае ни помалку ни повеќе 33 часа и 31 минута.
Еве го и доказот . А за да случајно не умре url-то еве и сликичка.
П.С. Инаку во Сараево овој викенд ќе има razmjenavjestinа (сподели знаење по нашки), ако успееме да стигнеме, можеби и ќе учествуваме.
Значи сепак ништо не се променило од Јајце '44. '43.
1 Comments
Published by игор
on вторник, март 06, 2007 at 2:25 претпл..
Еве го и доказот . А за да случајно не умре url-то еве и сликичка.
П.С. Инаку во Сараево овој викенд ќе има razmjenavjestinа (сподели знаење по нашки), ако успееме да стигнеме, можеби и ќе учествуваме.
Значи сепак ништо не се променило од Јајце '44. '43.
Двете стратегии, Националната стратегија за развој на информатичкото општество и Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатички технологии, ќе бидат основа за изготвување стратегии кои подобро ќе ги дефинираат сите аспекти на информатичкото општество во Македонија.
Извадок од http://www.metamorphosis.org.mk/content/view/848/57/lang,mk/
Етикети: е-влада, информациско општество
Опозициските партии потрошиле 600 000 страници хартија за бесмислени амандмани во Собранието на Република Македонија .
И кои се економските ефекти од ваков потфат?
Зошто ми ги потрошивте моите пари кои ги давам како граѓанин во буџетот. Камо отчет за ваквите неразумни постапки, со кои беспотребно уништија дрвја од кои се прави таа хартија, во името на „демократијата“?!?!?
*
Нека ви стои на чест!
Следниот пат, артикулирајте ги вашите политички ставови и хирови на поинаков и поинвентивен начин, можеби треба да се врзете за говорницата, или да смилите нешто со што ќе го жртвувате вашето тело, а не белите дробови на нашава за жал заедничка планета.
*Фотографијата е преземена од www.a1.com.mk
0 Comments
Published by игор
on вторник, февруари 13, 2007 at 12:43 претпл..